Ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ учествуваа на Модел на Обединетите нации

Во сабота, на 5 мај, Сандра Стојановска, Нела Пешовска, Викторија Јакимовска, Ивана Стефановска и Влатко Тодоровски од СОУ „Ѓорче Петров“  учествуваат на вториот по ред годишен македонски Модел на Обединетите нации кој се одржа во Штип. Откако се подготвуваа 3 месеци со помош на  Линда Рејнолдс (волонтер на Мировен корпус во општината), тие беа спремни да ја претставуваат Аргентина како делегати на Обединетите нации. Некои од темите за коишто се дебатираше беа стапката на смртност кај родилките, безбедната храна, климатските промени, искористувањето на децата како работна сила и други светски теми од областа на безбедноста.

На конференцијата имаше вкупно 151 учесник од 17 градови од цела Македонија. Имаше 24 земји кои што презентираа додека секој од тимовите го истражуваше односот на земјата што им беше одредена кон прашањата за кои се дискутираше. За време на конференцијата младите луѓе дебатираа на различни теми, склучуваа сојузи, пишуваа резолуции и гласаа за нив. Ова искуство ги научи како да размислуваат критички за различните светски прашања, за правилата на меѓународната дебата и уметноста на спогодување за да се дојде до резолуција.

Кога петтемина млади луѓе беа прашани дали, и покрај напорната подготовка, повторно би сакале да одат на конференцијата, сите петмина со ентузијазам одговорија ДА. Рејнолдс истакна: „Многу сум задоволна и горда на овие млади луѓе. Тие одлично ги претставуваа прашањата поврзани со Аргентина, но она што е најважно е дека тие беа извонредни претставници на нашиот град Крива Паланка. Мене ми е неверојатно што тие цел ден дискутираа на толку високо ниво на странски јазик (англиски). Нивниот град, нивните семејства и нивните професори, исто така, треба да бидат горди на нив.“ Сите учесници добија официјални сертификати.

Настанот беше организиран од волонтерите на Мировен корпус и поддржан со грантови од организацијата Пријатели на Македонија и од Американската амбасада. Логистичка поддршка беше обезбедена од Коалицијата на младински организации од Прилеп (СЕГА) и од Универзитетот Гоце Делчев во Штип каде во  зградата на Економскиот факултет  се одржа настанот.

 

Големина на фонт
Контраст