Положено цвеќе пред спомен бистата на Христијан Тодоровски Карпош во Крива Паланка

По повод  7 февруари, денот на загинувањето на народниот херој  Христијан Тодоровски Карпош, денеска пред неговата спомен биста во Крива Паланка цвеќе положија градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски со претставници на општинската администрација, делегацијата на Сојузот на борците од НОБ, делегација од поранешни работници на некогашниот текстилен гигант „Карпош“, како и други  граѓани, членови на здруженија и организации, почитувачи на ликот и делото на македонскиот херој.

Присутните со едноминутно молчење му оддадоа почит и се поклонија пред спомен бистата на херојот, кој се бореше за слободата на Македонија.

Христијан Тодоровски Карпош загинал на денешен ден во 1944 година во село Билјача, Прешевско.

Големина на фонт
Контраст