Започна реконструкција на А2 делница Крива Паланка – Деве Баир

Денес во Крива Паланка официјално отпочнаа градежните работи за модернизација на патниот правец до граничниот премин Деве Баир, преку изградба на трета лента. Со инвестиција од 13 милиони евра ќе се овозможи побезбеден и побрз транспорт на патници и стока кон соседна Бугарија.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски, заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на ЈПДП, Зоран Китанов, евро-амбасадорот Самуел Жбогар и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје Анди Аранитаси, извршија увид во отпочнувањето на градежните активности за рехабилитација и реконструкција на А2 делница Крива Паланка – Деве Баир. Овој патниот правец е дел од Паневропскиот коридор што ги поврзува Бугарија-Северна Македонија и Албанија и е најфреквентна делница во товарниот транспорт.

Проектот е поддржан од Европската Унија и Програмата за инвестирање зa Зaпаден Балкан.

Изведувач на градежните работи за реализација на овој значаен проект е економскиот оператор „Гранит“, а рокот за реализација е 24 месеци.

 

Големина на фонт
Контраст