Започна реконструкцијата на стариот пат кон манастирот Свети Јоаким Осоговски

По воведување на Изведувачот СТОИМЕНОВ ДООЕЛ од Кочани во работа, веднаш започнаа интензивни градежни активности за реконструкцијата и санација на стариот пат кон манастирот Свети Јоаким Осоговски.

Со реконструкцијата е предвидена обнова на коловозната конструкција и изведба  на комплетно нов слој асфалт со деблина од 7 см., поставување на нови рабници во должина од 2440 м., изработка на асфалтни риголи, надградба на постоечки банкини и изградба на потпорен зид во должина од 33 м.

Вкупната инвестиција е околу 16.000.000 денари со ДДВ.

Уште еднаш ги известуваме граѓаните дека овој пат е привремено затворен за сите видови на сообраќај и за пристап до Манастирот и понатаму кон с. Варовиште треба да го користат новиот т.н. „Руски пат“.

Големина на фонт
Контраст