Одржана конститутивна седница за Совет на млади во Крива Паланка

Во Општина Крива Паланка  беше одржана конститутивна седница на Совет на млади, на која присуствуваа градоначалникот Борјанчо Мицевски,  претседателката на Совет, Изабела Павловска, советници како и  преставници на стручните служби од Општината.

Советот на млади брои 7 членови и е формиран од млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, кои по објавен јавен повик беа избрани од страна на Комисијата за избор , верификација и именување при Советот на Општина Крива Паланка.

Советот на млади е предвидено да биде неформално советодавно тело на Советот на Општина Крива Паланка, основано заради подобрување на положбата и решавањето на проблемите младите на локално ниво.

Градоначалникот Мицевски им го честиташе изборот и им посака успешна работа на младите членови при што нагласи дека, Општината и нејзините стручни служби, стојат на располагање за сите просторни, технички, материјални и логистички потреби во  работата и активностите на Советот на млади.

Претседателката на Советот, Изабела Павловска, нагласи дека Советот на млади како неформалнио советодавно тело, во наредниот период редовно ќе ги добива матријалите за седниците на Советот и сите  нивни  предлози, прашања, идеи и сугестии ќе бидат приоритет за решавање  од страна на советниците.

Во работата на Советот на млади активно  ќе се вклучи и волонтерот на Мировниот корпус, Александар Бенишек, кој благодарение на своето досегашно искуство ќе помогне во подготовка и реализација на конкретни активности на младите, а се во насока на подобрување на условите за живот во локалната заедница.

Големина на фонт
Контраст