Започнува реализацијата на уште два крупни проекти

Градоначалникот Борјанчо Мицевски одржа работен состанок со изведувачите на претстојните градежни активности за реконструкција на патна инфраструктура за пристапен пат до манастир Свети Јоаким Осоговски и изградба на потпорни стени на критични локации во градот.

Реконструкцијата и санација на патниот правец кон манастирот Свети Јоаким Осоговски е со средства обезбедени преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој во виснина од 13,5 милиони денари,  а втората градежна активност која опфќа изградба на потпорни ѕидови на ул. Баглачка и ул. 11 Октомври  е со средства обезбедени од општинскиот буџет во висина од 5 милиони денари.

Како изведувачи на градежните активности се јавуваат економските оператори, Друштвото за производство, трговија и услуги СТОИМЕНОВ ДООЕЛ од Кочани и ДИНЕ ТРЕЈД од Крива Паланка.

На работниот состанок присуствуваше и Митрополитот кумановско-осоговски г. д-р Јосиф,  како соработник на Општината и партнер во проектот за реконструкција и санација на патниот правец кон манастирот Свети Јоаким Осоговски.

Големина на фонт
Контраст