Расчистување на депонијата на локацијата пред „Пашина воденица“

Општина Крива Паланка во соработка со ЈП  Комуналец продолжува со расчистување на депониите на подрачјето на општината. Во тек е расчистување и порамнување  на големата  депонија  за градежен отпад,  остатоци од занаетчиски работи и земјен материјал настанат од ископи,  на локацијата  пред „Пашина воденица“ .

Се известуваат граѓаните дека и на овој локалитет е забрането понатамошно  депонирање на било каков отпад.

Во тек е постапка од страна на надлежните органи при Општината за определување на нова локација за депонирање на отпад од градежни работи и за земјен материјал од вршење на ископи.

Големина на фонт
Контраст