Дисиминација на наставници и стручни соработници од училиштето на тема „Инклузивно образование и АДХД“ во рамките на Еразмус+ проект „Една мисија, една визија, еден фокус“

Во рамките на проектот „Една мисија, една визија, еден фокус“ од Еразмус+ програмата пет наставника од училиштето ООУ „Јоаким Крчовски“  Крива Паланка беа во посета на училиште со посебни потреби во Крајова-Романија. Тема на обуката беше „Инклузивно образование и АДХД синдромот“. Наставниците од училиштето се стекнаа со познавање на дадената тема која ја пренесоа на наставниците и стручни соработници во училиштето.

На 17.01.2020 год. во училиштето се изврши дисиминација на обуката.

На дисиминацијата присуствуваа 80 наставника од училиштето поделени во две групи. Дисиминацијата ја водеа: Габриела Стојановска-кординатор на проектот, Даниела Ѓорѓиовска, Марина Стојковска, Елеонора Давитковска и Елена Ѓошевска-Младеновска-наставници во училиштето. Тие на своите колеги им ги пренесоа своите знаења и стекнати вештини во текот на нивната мобилност која се одржа во ноември 2019 година  во Крајова-Романија.

Дисиминацијата беше во насоки на :

  • Наставниците да се запознаат со инклузивното образование во нашата држава и во државите партнери на проектот
  • Наставниците да се запознаат со АДХД синдромот
  • Да се подобри мотивираноста и да се зголеми креативноста на наставниците при работа со ученици со посебни потреби

Проект има за цел да ги обучи и подготви наставниците за работа со ученици со посебни потреби.

Големина на фонт
Контраст