Расчистување на речното регулационо корито на Крива Река

Во рамки на предвидените  програмски активности на Општината, од страна на Јавното комунално претпријатие Комуналец во тек е расчистување и порамнување  на речното корито на Крива Река на потегот од Големиот мост кон Бегови бавчи. Овој дел од речното корито е обраснат со  висока тревна и жбунеста вегетација, целосно непорамнет и соодветно не уреден.

Во тек е отстранување на несоодветната  дива вегетација и комуналниот отпад како и порамнување на земјиштето со цел создавање на нормални услови за одржување на зелената површина на овој дел од  корито на Крива Река  како и можност од идно оплеменување со одредени содржини во интерес на граѓаните.

 

 

Големина на фонт
Контраст