Сениорите од Крива Паланка први на државното првенство во пинг-понг

На 20-то Државно поединечно  првенство во пинг-понг за сениори, во конкуренција на 70-на пингпонгари од 19 клуба од Македонија кое викендов се одржа во Куманово, пингпонгарите од Крива Паланка ги освоија титулите во машка и женска конкуренција.

Тие се вратија со 4 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал. Прв меѓу сениорите по  трет пат  беше Кристијан Станојковски, кој во финалето со 4:0 го совлада Филип Младеновски од Штип, а меѓу сениорките прва беше Амелиа Уце која во финалето со 4:0 ја совлада Билјана Младенова од Кавадарци.
 
Први места освоија и во двојки сениорките Амелиа Уце и Дијана Ристовска, како и во двојки-мешано Кристијан Станојковски и Амелиа Уце. Второ место во двојки сениори им припадна на тандемот Кристијан Станојковски и Роберт Стаменковки, а трети во парови за сениорки беа нашата Христина Христовска и И.Крстева од Кавадарци.
 
Во наредниот период на нашите репрезентативци им претстојат настапите на Балканското и Европското првенство во Бугарија и Австрија.
 
 
 
Големина на фонт
Контраст