Градоначалникот Мицевски ги посети дежурните служби од Крива Паланка

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и претседателката на Советот на општината, Изабела Павловска, ги посетија дежурните и итни служби од градот кои и во новогодишна ноќ се на работа, во служба на граѓаните.

Со желби за здравје, успех и успешна година, беа посетени: Исток Граничен премин РС Македонија- Република Бугарија „Деве Баир”, Царинска испостава Деве Баир, Територијална противпожарна единица Крива Паланка, Гранична полиција, Шумска полиција , Итна медицинска помош и Одделение за внатрешни работи, Крива Паланка.

– На дежурните служби и сите нивни вработени им посакавме мирна новогодишна ноќ, без какви било инциденти, со благодарност и почит кон сите за нивната несебична пожртвуваност и заложби во извршувањето на работините задачи, изјави градоначалникот Мицевски.

Сите служби добија пригодни подароци од општината кои ќе можат да ги користат за потребите на работењето во периодот на дежурства и во секојдневната работа.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст