Реализирани два значајни инфраструктурни проекти

Општина Крива Паланка преку Одделението за изградба и одржување на комунална инфраструктура во изминатите неколку месеци реализираше два значајни инфраструктурни проекти кои се целосно завршени и е издадено одобрение за употреба, и тоа:

  1. Изградба на минор коритото на Крива Река –дел 3 на потегот од т.н. „Љиљаков мост“ кон  „Осички мост“ во должина од 300 м.
  2.   Изградба на канализација во дел од с. Конопница во должина од околу 1300 м. покрај патот Штала -А2,  со крак кон градските гробишта.

Проектите се со вкупна вредност од околу 11.000.000 денари, а финансиските средства беа обезбедени од Бирото за регионален развој и Буџетот на општина Крива Паланка. Двата проекти беа завршени во предвидениот рок за изградба.

Големина на фонт
Контраст