Одржана јавна расправа за партиципативно буџетирање во Општина Крива Паланка

Во Големата сала на општина Крива Паланка денес се одржа јавна презентација на Предлог буџетот на Општина Крива Паланка за 2020 година, а во рамки на проектот ,,Мои пари моја одговорност“ поддржан од УСАИД, а во реализација на Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ и со поддршка на Општина Крива Паланка.

Пред присутните, од страна на раководителот на одделението за финансиски прашања, Драгица Митровска, беше презентиран начинот и процесот на креирање и донесување на општинскиот буџет, како и изворите на финасирање.

Рааководителите на одделенијата при Оппштина Крива Паланка детално ги презентираа програмите од областите на урбанистичко планирање, комунални работи, информатичко-комуникациската технологија, култура, образование, граѓански сектор, социјална заштита, спорт, меѓународна соработка, локален економски развој, јавно советлување, заштита и спасување, оддржување на јавната чистота, животна средина и други области од надлежност на општината.

Градоначалникот Мицевски ги поздрави присутните на јавната расправа и истакна дека општинските служби секогаш се на располагање на граѓаните, а денес и непосредно, за конкретно прифаќање на Ваши сугестии, предлози и идеи.

-Општината покажа диверзификација на активностите во изминатиот перид: седнициоте на Советот се пренесуваат во живо на отворениот you tube  канал, за разлика од порано кога само се прикажуваа снимки, организираме бројни јавни расправи, дебати, презентации и форуми, сите отворени за предлози на граѓаните, општинските програми од годинава ги правиме родово сензитивни, а нa веб страната на Општината имаме апликација за директен контакт со службите (live chat). Она што е важно и граѓаните треба да бидат одговорни во подмирување на обврските кон Општината, заради прибирање на средства за реализација на годишните програми, изјави градоначалникот Мицевски пред присутните.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст