Презентиран Мониторинг извештајот за вклучување на граѓаните и транспарентноста на Општина Крива Паланка

Денес во просториите на Општина Крива Паланка беше претставен мониторинг извештај за 2019 година кој се однесува на вклученост на граѓаните и транспарентноста на Општината.

Споменатиот мониторинг е спроведен од НВО Инфоцентар, во соработка со Регионалниот центар за соработка „Спектар”, Центарот за младински иницијативи „Цик-Цак” и „Норгес Вел“ од Крива Паланка, во периодот мај-септемри 2019 година.

Спроведениот мониторинг е во рамки на проектот Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ново, а истиот е финансиран од Меѓународниот центар Улоф Палме подржан од Шведската влада.

Според денешните презентирани клучни наоди и препораки од Мониторинг извештајот за 2019 година,  беше претставено дека Општинaта има високо ниво на транспарентност и отчетност со интернет страница која обезбедува лесен и сеопфатен пристап до информации и документи, но исто така Општината покажува добра практика на консултирање и вклучување на граѓаните, која треба да се одржува и да се интензивира со нови и различни содржини.

Според овој мониторинг извештај јавните расправи, форумите и дискусиите како и средбите на општината и градоначалникот со граѓаните треба да се организираат почесто и тоа во самите месни заедници, но и покрај нерешениот правен статус на месните заедници, добро е што општината се обидува да ги организира и заживее руралните средини.

Треба да се лобира за заокнски измени со кои ќе се унапреди статусот на месните заедници, бидејќи тие се основната алка за воспоставување директна комуникација и вклучување на граѓаните. Натамошното интензивирање и продлабочување на соработката со граѓанските организации ќе биде поттик за граѓаните да бидат про-активни и директно да учествуваат во развојот на локалната заедница.

Останатите препораки според мониторингот се општината да ги унапреди механизмите за мерење на задоволството на граѓаните, како и тоа дека е потребно да се доразвие анкетата на интернет страницата која во моментот е единствената алатка за сондирање на ставовите на граѓаните.

-Според податоците можам да истакнам дека општина Крива Паланка не само што има висока отчетност, таа има најдобра интернет страница и би требало да биде урнек кој ќе го следат и останатите општини. Имено, да потенцирам дека мониторингот опфаќа уште 5 општини, а тоа се општините: Кавадарци, Неготино, Маврово, Ростуше и Теарце. Општината остварува добра соработка со граѓаните и преку разни форуми,  дебати и проекти, истакна Билљана Велкова –промотор на Мониторинг извештајот за 2019.

-Ќе се трудиме да ја задржиме нашата транспарентност и отчетност пред граѓаните и во наредниот период преку разите форуми и дебати каде може да се земе активно учество во фаза на планирање.

Имаме директен пренос на Седница на Советот на општина Крива Паланка и линк преку кој можат директно да се вклучат и граѓаните. Исто така остваруваме соработка со невладиниот сектор, издаваме месечен билтен за информираност, имаме отворен ден (четврток) за прием на граѓаните и вторник каде прием врши Претседателот на Советот на општината како и низа други активности кои можеби не се гледаат во прв ред, но се посветува голем дел од времето за вклучување на граѓаните во проблемите и нивна информираност за сето она што е поврзано со општината-изјави градоначалникот Мицевски.

Мониторинг извештај за вклучувањето на граѓаните и транспарентноста на Општина Крива Паланка

 

Големина на фонт
Контраст