Реализација на проектот „Денови на македонските музеи“ во Крива Паланка

Денес во работните простории во манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка започна реализација на проектот „Денови на македонските музеи“, кој Градскиот музеј од Крива Паланка го спроведува со финансиска поддршка на Министерството за економија и Општина Крива Паланка.

Општата цел на проектот е подобрување на состојбата и статусот на локалните музеи во земјава и  нивна видливост (присутност) во јавниот простор, а целната група кон која се однесува проектот се 8 локални музеи во државата: ЈУ Музеј на град Скопје, ЛУ Народен Музеј- Велес, ОУ Музеј на град Кратово, ОУ Народен Музеј- Св. Николе, ЛУ Музеј на град Неготино, ОУ Музеј и Галерија- Кавадарци, ЛУ Археолошки и историски Музеј- Виница и ЛУ Градски Музеј- Крива Паланка и вработените во нив, а на денешната средба беа присутни и пртставниците од НУ музејот во Кочани, како и гости од Пазарџик Р.Бугарија

Денешната активност од проектот е формирање на Мрежа на локални музеи, брендирање на мрежата, изработка на веб страна, ФБ фан страна за промоција на мрежата и изработка на промотивен материјал за неа, а активноста која ќе следува во текот на утрешниот ден е оддржување на мини-саем на музеите во текот на утрепниот ден, на кој ќе бидат презентирани  промотивни материјали, сувенири, продукти и сл. од локалните музеи, како и од градовите од кои се присутни на настанот.

На денешниот настан за формирање на Мрежа на локални музеи, беше присутен и градоначалникот Борјанчо Мицевски,  кој посака пријатно добредојде на присутните и во оваа прилика тој истакна дека, Општина Крива Паланка и  ЛУ Градски музеј, во изминатиот период   направија низа на напори и заложби пред соодветното министерство и државните органи во насока на решавање на дологодишните проблеми во однос на фискалната децентрализација на  локална установа.

Заради функционалноста и продуктивното работење на оваа установа, Општина Крива Паланка во најскоро време ќе го релизира и планот за кадрово зајакнување на ЛУ Градски музеј, во оваа прилика изјави градоначалниот Мицевски.

 

Големина на фонт
Контраст