Денови на македонските музеи во Крива Паланка

ЛУ Градски музеј Крива Паланка со финансиска поддршка на Министерството за економија и Општина Крива Паланка го спроведува проектот „Денови на македонските музеи“.

Настанот ќе се одржи на 27 и 28 септември во Крива Паланка.  На првиот ден е предвиден работен дел на којшто ќе бидат презентирани состојбите со локалните музеи, ќе бидат презентирани практики од соседните земји и ќе биде организиран форум за формирање на Мрежа на локални музеи.

На вториот ден на манифестацијата, на платото пред Градскиот музеј ќе биде организиран мини-саем на музеите, на кој ќе бидат презентирани (на мали штандови) промотивни материјали, сувенири, продукти и сл. од локалните музеи, како и од градовите од кои доаѓаат.

На настанот е предвидено да присуствуваат осумте локални музеи во државата: ЈУ Музеј на град Скопје, ЛУ Народен музеј Велес, ОУ Музеј на град Кратово, ОУ Народен музеј Св. Николе, ЛУ Музеј на град Неготино, ОУ Музеј и галерија Кавадарци, ЛУ Археолошки и историски музеј Виница и ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст