Богат и плоден викенд за КК„Крива Паланка“

Од вкупно 7 одиграни натпревари 5 од екипите забележаа многу значајни победи.Помладите пионери генерација *99 гостуваа кај „Лирија 77“ од Скопје и победија со 34 28. Пионерите генерација *98 првиот ден од викендов играа против „Вардар“ Скопје, на домашен терен и убедливо ги поразија со резултат 70-52.

Со особен жар и желба за победа оваа екипа се вложи во дуелот, а најистакнати поединци беа Митровски Димитар кој уфрли неверојатни 42 поени, Тасевски Илчо ја надополни играта со 16 забиени кошеви, а двајцата поддржани од останатите соиграчи ја извојуваа победата. Следниот ден истата екипа генерација *98 ја угости екипата на „Фени Индустри“ од Кавадарци, подмладокот на клубскиот шампион во Македонија. Кривопаланчани водеа во првата четвртина, а на полувреме гостите заминаа со минимално водство. До крајот предноста се менуваше наизменично, а на крајот победија гостите.

Женските тимови од КК„Крива Паланка“ го одиграа 2-то коло на домашен терен – најпрвин генерација *96/*97 играше со првакот на Македонија, „Бадел“ од Скопје, но тоа воопшто не беше бариера за домашните кошаркарки – напротив тие од првиот период направија предност од 10 поени која со доминантна игра под кошот и зонската одбрана само се зголемувше во текот на натпреварот. Кадетките рутински го завршија мечот славејќи убедливо. Крива Паланка – Бадел заврши со резултат 56 – 44.

Втора победа сезонава за кадетки генерација *96/*97 ,одличен старт во новата сезона. Особено добра игра прикажа Петковска Драгана која игра на позицијата центар, а беше најдобар стрелец во двата меча.

Кадетките, пак, генерација *94/*95 ова коло се носеа рамо до рамо со добрата игра на „Пелистерки“ од Битола кои им гостуваа на паланчанки. Во изедначена борба домашните кошаркарки изгубија несреќно во последните минути.

Јуниорите генерација *94/*95 во 2 коло ги пречекаа „Вардар“ од Скопје, истиот тим од минатата сезона кој доминираше во сите сегменти на играта беше поразен во Крива Паланка. Одличната одбрана на кривопаланчани беше пресудна за крајниот исход и им ја донесе тешко извојуваната победа од 61 – 55.

Во 2-то коло од кошаркарската сезона 2011/2012 третолигашите од КК„Крива Паланка“, го одиграа првиот натпревар на домашен терен против „Црн Дрим“ од Струга. За тимот на Крива Паланка не настапија двајца првотимци пради повреда, што значително го зголеми напорот на останатите кошаркари, но тоа не придонесе за намалување на квалитетот на играта. Напротив, против тимот на Црн Дрим кој во своите редови има и натпреварувачи од 1-ва лига, третолигашите од Крива Паланка прикажаа виртуозна игра. Реализираните шутеви, контри, полуконтри и шутеви од дистанца – се по малку ја донесе домашната екипа до крајниот резултат – реми – 73:73 во регуларниот дел по 40-те минути, зашто воопшто не беше лесна задача да се одговори на предизвикот да се запре налетот на Црн Дрим дојден по прва победа сезонава.

Со нерешен резултат по истекот на регуларните 4 четвртини домаќинот обезбеди дополнителни 5 минути игра, а воедно и можност за посакуваната победа во првиот натпревар на домашен терен на почетокот на сезоната.

Домашниот тим не дозволи публиката да се разочара, по продолжението КК Крива Паланка славеше со 81-77.

Големина на фонт
Контраст