Успех на КК „Шампион“

Членовите на Карате Клубот „Шампион“ од Крива Паланка изминатиот викенд имаа успешен настап на силниот меѓународен меморијален турнир ,,Никола Грдановски-Нике“. На турнирот настапија каратисти од Република Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија. Нашите каратисти има одличен настап освојувајќи ги следните места:

Димитрејевски Христијан    прво место  борби категорија -30 кг. и второ место во кати родени 2000-2001 годинa.

Спасовска Марија –прво место  во борби категорија -47 кг. помлади кадетки родени 1998 година.

Ѓорѓиевски Стефан –трето место категорија кадети -70 кг.

Салимовски Абел –трето место категорија кадети -70 кг.

Стојковски Борислав-трето место кадети +70 кг.

Овој турнир беше проверка пред настапот на Државното првенство за кадети и јуниори закажано за 19 и 20 ноември оваа година.

Големина на фонт
Контраст