Целовечерен концерт на КУЗ Фолклористи

Во рамките на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2019“,  во сабота на 20 јули КУЗ Фолклористи оддржаа целовечерен концерт на плоштадот ,,Карпошово востание“.

Реализацијата на концертот е активност од проектот на здружението, кој финасиски е поддржан од буџетот на  Општина Крива Паланка, преку Програмата за поддршка на здуженија и фондации за 2019 година.

На концертот беа изведени повеќе сплетови на македонски ора и песни за љубителите на изворниот мелос, богатиот македонски фолклор и традиционалните вредности.

Гости на концертот беа фолклористите од Дупница соседна Бугарија.

Големина на фонт
Контраст