Крива Паланка домаќин на проектот „По патеките на Шопите“

Оваа година Општина Крива Паланка беше домаќин на учесниците на традиционалниот проект „По патеките на Шопите“  во организација на планинарскиот клуб „Сребрна глава“ од Сенокос, Р.Србија. Во проектот, кој заврши на 9 октомври, учествуваа 30 учесници од Скопје, Ниш и Софија. Општина Крива Паланка обезбеди бесплатно ноќевање во Домот за ученици, а населението со својата гостопримливост остави силен впечаток на гостите.

Оваа гостување е само почеток на разните студентско-истражувачки проекти кои ќе се реализираат на територијата на општината, истакнува Младен Стојановиќ, претседател на „Сребрена глава“, во своето писмо упатено до градоначалникот.

Писмо упатено до градоначалникот, г.Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст