Во текот на викендот повеќе јавни површини во градот беа разубавени преку уметнички интервенции од типот на мали уметнички акции за уредување, бришење на навредливите графити и нивна замена со нови колоритни мурали и слични креативни интервенции од страна на уметниците од Центарот за современи уметности – Скопје.
Оваа активност е дел од проектот „Креативни заедници” на Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје, поддржан преку Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а се имплементира во соработка со здружението ЦИК-ЦАК од Крива Паланка.
Целата на проектот е да се анимираат млади и талентирани локални уметници, наивци, аматери и професионалци, кои преку изразувањето на сопствениот креативен потенцијал во уметничкиот израз, би дале свој мал допринос во разубавувањето на јавните простори во средината во која живеат.