Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон 2019

Општина Крива Паланка започна со подготовките за реализација на  десеттата јубилејна културна манифестација „Невестинско поклонение на Свети Теодор Тирон 2019“.  Општината ги повикува сите заинтереситани да земат учество на манифестацијата која ќе се одржи на ден 17.03.2019 година во црквата Свети Теодор Тирон во село Конопница.

Манифестацијата „Поклонение на Свети Теодор Тирон“ традиционално се одржува ден после верскиот празник Тодорова сабота. Таа е возобновена врз основа на вековната традиција каде што младите невести меѓу двете Тодорици заедно со своите свекрви облечени во традиционалните народни носии го изведувале поклонението пред црквата Свети Теодор Тирон. Возобновената манифестација има за цел да прерасне во регионална манифестација преку која ќе се презентираат народните носии и традиционалните обичаи. Манифестацијата се реализира со придружни културни и други активности.

Сите заинтересирани учеснички можат да го пријават своето учество кај координатор на манифестацијата, Стојанче Величковски (РЗР ПАТНИК) 070/321-234 или во Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија при Општина Крива Паланка или  на тел. 076/236 557.

 

Големина на фонт
Контраст