Извидници од Крива Паланка на смотра во Шабац

10 до 20 aвгуст 2011 година Македонскиот извиднички контигент учествуваше на 8-та Смотра на извидници на Србија и сто години извидништво во Србија која се одржа во Шабац. На смотрата земаа учество околу 4000 извидници од 13 европски земји. Од Република Македонија учество зедоа 21 извидник од 5 Извиднички одреди меѓу кои и од  Извидничкиот одред Наум НаумовскиБорче од Крива Паланка.

На смотрата, која беше од европски карактер, покрај стандарните извиднички активности се одржаа и многубројни разговори и средби со странски преставници на извиднички одреди, а од стратешко значање за развојот на извидништвото во Македонија.

    

Нашиот преставник од Извидничкиот одред Наум НаумовскиБорче од Крива Паланка  и воедно старешина на одредот за време на смората имаше работен состанок со преставници од Извидничките одреди од  градовите Бела Паланка, Смедеревска Паланка и Бачка Паланка со цел основање на Паланечки извиднички регион и збратимување помеѓу  одредите.

Големина на фонт
Контраст