Активности за тековно одржување на улиците

Во рамките на активностите за тековното одржување на улиците, во месец септември 2011 година, ќе се започне  со модернизација на коловозот на улицата  Коце Металец и сервисната улица покрај патот М2 во населбата Бегови Бавчи.

Улиците во моментот се тампонирани што не ги задоволува прописите за безбеден сообраќај. За таа цел ќе се модернизира коловозот со асфалтна површина во должина од 417 м на ул. Коце Металец и 594 м на сервисната улица покрај патот М2 во населбата Бегови Бавчи.

Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Крива Паланка, а изведувач на работите е ДОО Изолација од Скопје.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст