Свечено отварање на Градски Музеј

Почитувани сограѓани,

Општина Крива Паланка има чест да Ве покани на свечено отварање на ГРАДСКИ МУЗЕЈ – Постојана историска поставка, Постојана староградска етно поставка, Заеднички градски живот.

Настанот ќе се одржи на 29.08.2011 г., во 11 часот, во Градски Музеј во Крива Паланка. На настанот свое обраќање ќе има министерката за култура во Владата на Р.Македонија, Елизабета Канческа Милевска, градоначалникот Арсенчо Алексовски и Драган Величковски, дипломиран етнолог.

11.00  часот   Свечено отворање на ГРАДСКИ МУЗЕЈ КРИВА ПАЛАНКА

11.00 – 11.30 часот  Свечено обраќање:

Драган Величковски – дипломиран етнолог

Арсенчо Алексовски – градоначалник

Елизабета Канческа Милевска – министер за култура во владата на Р.Македонија

11.30 – 12.00 часот   коктел

 

Големина на фонт
Контраст