Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија

Денес во просториите на Општина Крива Паланка се оддржа активност од  проектот „Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија”.

Овој Проект се спроведува на територијата на општина Крива Паланка, а го реализира граѓанското здружение, Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ со поддршка на Општина Крива Паланка.

На денешниот настан беа презентирани Оперативните годишни програми на Општината, од страна на дел од раководните лица од општинската администрација.

Презентацијата беше реализирана пред граѓаните, пред представниците на невладините организации, бизнис секторот, медиумите и  останатите чинители од локалната заедница, во насока на нивно проактивно вклучување во дискусии и препораки за нивните приоритети.

Проектот има за цел активно вклучување на граѓаните и организациите во процесот на донесување на буџетот на општината. 

Големина на фонт
Контраст