Одржана обука на тема „Семејно насилство“

На 5 и 6 јули во Општина Крива Паланка се спроведе обука  на тема Семејно насилство во рамките на проектот УН заеднички проект Зајакнување на националните капацитети за сперчување на семејно насилство, финансиран од страна на Холандската Амбасада и UN Trust Fond. Една од компонентите на проектот е специјално дизајнирана програма за обука согласно потребите на локалните власти во делот на превенцијата и интервенцијата  на полето на семејното насилство на локално ниво, која ја спроведува  УНДП заедно со НВО За среќно детство.

 

На обуката присуствуваа претставници на МВР,  претставници од Општина Крива Паланка и Кратово, претставници од ЈУ МЦСР и претставници од основните училишта.

 

 

Големина на фонт
Контраст