Крива Паланка се вклучува во европската недела на спортот

Општина Крива Паланка е една од 15 општини која се приклучува на проектот „Европска недела на спортот“ и дава подршка на истиот преку активности  во фудбал (машки) и кошарка (женски) помеѓу ученици од ООУ „Илинден“ и ООУ „Јоаким Крчовски“.
Местото на настанот ќе биде училишната спортска сала при ООУ „Илинден“ Крива Паланка на 27.09.2018 година со почеток во 12.00 часот.

Агенцијата за млади и спорт е носител на проектот на Европската комисија „Европска недела на спортот“ која се одржува на територија на цела Европа од 23-30.09. 2018 година, па и кај нас,  насловена со предизвикот #MyWeek #BeActive. 

Целта на проектот е спорт за сите возрасни категории, на сите места, во секакви услови, а крајниот ефект е остварување на идеите на Европската недела на спортот – придобивките од активностите во текот на спортската недела да имаат траен ефект, односно да останат во навиките на секој поединец во Македонија.

Покрај многубројните активности во текот на целата недела, акцент ќе се стави на главните настани -Тарту кол- повикот за здрав начин на живот (23.09-Жена парк 18-20 часот), масовно скокање на јаже (25.09 – 17 часот, Плоштад Македонија), Be active nigt, СЦБТ ( 29.09, 17-22 часот) и Масовно искачување на Водно (30.09 – ОУ Кочо Рацин 09.00) со завршен фестивал на средно Водно.

Воведувањето на овој проект во Република Македонија на локално ниво ќе ни овозможи квалитетни активности кои создаваат вредност и одржливи резултати кои ќе ја продолжат #BeActive пораката во земјата.

Ги покануваме сите љубители на спортот и физичката активност да бидат дел од овој настан со што ќе покажат дека се  грижат за себе и своите најблиски, а пред се за  своето здравје.

Големина на фонт
Контраст