Средба на градоначалникот Мицевски со делегација од Упсала, Шведска

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска оствари средба со делегација од Упсала, Шведска, во состав Патрик Челин – претседател на одборот на Противпожарен сојуз, Јан Улманде – заменик претседател на Сојузот, Андреш Олстор – командир на ТППЕ Упсала, Бор Јуанстон и Лејф Андерсон пензионирани членови на единицата. 

Општина Крива Паланка со Упсала има традиционално добра соработка на полето на територијалната противпожарна заштита. Сојузот на противпожарната единица на Упсала до сега има донирано две возила за локални потребите на ТППЕ Крива Паланка и Кумановско-осоговската епархија.

На средбата се разговараше за понатамошното унапредување на соработката и размена на практични знаења и искуства со  противпожарната единица во Упсала која брои 400 вработени со годишен буџет од 20.000.000 евра.

Големина на фонт
Контраст