Брилијантен настап на оркестарот од ОУ Илинден

Како победник на Регионалниот натпревар на оркестрите од основните училишта, што се одржа на 16 април во Куманово, оркестарот при ООУ „Илинден“ – Крива Паланка беше поканет на Републичкиот оркестарски натпревар во Скопје на 8 мај и постигна највисок резултат – I место, со освоени максимални 100 бодови.

Стручното жири беше воодушевено од брилијантниот настап на младите музичари, а за да успехот биде уште позначаен, за извонредните интерпретации раководителот на оркестарот се закити со диплома за најдобар аранжман.

Во оркестарот членуваат околу 45 ученици од V до VIII одд. од подрачните oсновни училишта во с.Мождивњак и с. Конопница под раководство на професорката Лариса Жулина-Митовски.

 

Големина на фонт
Контраст