Одржана обука за општинска администрација

На ден 12-05-2011 година со почеток во 11.00 часот во големата сала на Општина Крива Паланка се одржа обука која имаше за цел стекнување на предзнаења за потребите и можностите на лицата со посебни потреби, со цел нивно задоволување при планирање и реализација на активностите на локално ниво.

Со ангажирање на Градоначалникот Арсенчо Алексовски, општина Крива Паланка е дел од проектот „Симултно јакнење на општинските капацитети и граѓанскиот удел во функција на поквалитетна кооперативност”.

 

Проектот е во рамки на програмата CIVIKA MOBILITAS која ја  спроведува Центарот за институционален развој ЦИРа и е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка,  претставувана од Канцеларијата за соработка во Македонија.

Носител на овој  проект  е Сојузот на дефектолози на Република Македонија, а Општината е партнер во проектот.  

 

Големина на фонт
Контраст