Ученици од ООУ „Јоаким Крчовски” на еко-камп во Вршац, Р.Србија

Ученици од ООУ „Јоаким Крчовски”- Крива Паланка  се наоѓаат на ЕКО-камп „Вршачки брег 2018″ во Вршац – Република Србија. Организатор на кампот е  друштвото „Покрет горана Србије“ под  покровителство на  градот Вршац.

Учесниците се запознаваат со природните убавини на Вршац и околината, кои се богати со разновиден билен свет со преку 1000 видови на растенија. Работејќи на предвидените активности истовремено го развиваат другарството со останатите ученици од Белград, Обреновец, Лазаревац, Брус од Србија и Темишвар од Романија.

Големина на фонт
Контраст