Станојковски втор на „ВРШАЦ ОПЕН 2011“

Пингпонгарот Кристијан Станојковски од Крива Паланка го освои второто   место  на  Отворено првенство  “ВРШАЦ ОПЕН 2011” во силна конкуренција на  најдобрите јуниори од Србија, Црна Гора и Македонија. Првенството  се одржа на 2 и 3 мај во Вршац, Р.Србија, а  на турнирот учествуваа преку 200 пингпонгари во 3 категории- млади кадети, кадети и јуниори во машка и женска конкуренција.

Македонија ја претставуваа 7 пингпонгари од Крива Паланка и двајца од Скопје и Прилеп. Покрај Станојковски, кој со овој пласман докажува дека е во врвот на балканскиот младински пинг-понг, и другите наши играчи покажаа одлични игри и беа рамноправен противник со сите противници.  

 

Големина на фонт
Контраст