Крива Паланка на „Скопје травел маркет 2011“

Во организација на групацијата ЕРА –Скопски саем, од 27 до 29 април  се одржa Првиот меѓународен саем за туризам „Скопје травел маркет 2011“. Оваа саемска манифестација на едно место  собра значителен број на субјекти во областа на туризмот од земјата и од странство. Општина Крива Паланка се претстави во рамките на Североисточниот плански регион заедно со општините Куманово, Кратово, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане.

Големина на фонт
Контраст