Првомајски крос

На ден 29.04.2011 година на ул.Св.Јоаким Осоговски, Општина Крива Паланка во соработка со основните и средното училиште организира Крос натпревар за ученици од 10 годишна возраст до  18 годишна возраст. Учениците ќе бидат поделени според возраста во четири категории, а во секоја категорија ќе има по две групи (машки и женски).

Кросот ќе се одржи според следната агенда:

Прва група   (петто одделение деветолетка)

Старт-стара симитчија почеток 12.00 часот (женски) и 12.20 часот( машки)

Цел-Плоштад

 

Втора група   (петто и шесто одделение осмолетка)

Старт-стара симитчија почеток  12.45 часот (женски) и 13.10 часот (машки)

Цел-Плоштад

 

Трета група   (седмо и осмо одделение)

Старт-Јакомо техноцентар почеток 13.30 часот (женски) и 13.50 часот  (машки)

Цел-Плоштад

 

Четврта група   (ученици од средно образование)

Старт-Пицерија Елит почеток 14.10 часот (женски) и 14.30 часот (машки)

Цел-Плоштад

 

Повелете сите за да дадеме масовна поддршка на спортот во Крива Паланка!

 

 

 


Големина на фонт
Контраст