Победа на гостински терен

Кривопаланчани викендов го играа 16 коло од 3 лига мажи, гостувајќи кај КК „ПРОФИ-БАСКЕТ“ од Скопје. Отидоа, изиграа  и победија. Доминацијата на гостите под кошот беше главниот адут на тренерот, а покрај тоа и прецизната шутерска рака на крилните играчи уште на самиот почеток го навести текот на натпреварот.

Домаќините од  КК„ПРОФИ-БАСКЕТ“ не дозволија гостите од КК „КРИВА ПАЛАНКА“ да го осигураат резултатот уште во првиот дел од натпреварот, па на полувреме екипите заминаа со нерешен резултат 33-33. Брзите контри и добрата  одбрана им помогнаа на гостите да дојдат до  резултатска предност која ја задржаа се до крајот. Резултатот по 40 минути игра беше 83-77. Ова е значајна победа за кошаркарите на „Крива Паланка“ која ги смести на високата 4 позиција на табелата .Следниот натпревар овој тим го игра на домашен терен против екипата на КК „БЕСТ“ од Гевгелија.

 

Големина на фонт
Контраст