Делегација на Општина Крива Паланка оствари еднодневна посета на Вршац во Република Србија

Делегација на Општина Крива Паланка оствари еднодневна посета на Вршац во Република Србија. Градоначалникот Мицевски на средба со градоначалничката на Вршац, Драгана Митровиќ,  разговараше за обновување и унапредување на соработката помеѓу двете општини, пред се во областа на културната размена, во рамките на што беше договорена конкретна соработка и гостување на фолклорен ансамбл од Вршац на Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски “ во месец август 2018 година, како и гостување на театарска група од Народниот театар во Вршац на театарски фестивал во месец септември оваа година.

Делегацијата присуствуваш на Свечената Академија организирана од страна на Општина Вршац, по повод празнувањето на патрониот празник на градот, а во чест на заштитникот на градот Свети Теодор Вршачки.

Градоначалникот Мицевски оствари средба и со градоначалникот на Општина Панчево каде што егзистира најголемата заедница на Македонците во Србија, при што беше иницирана средба заради потпишување на договор за збратимување на овие две општини, а по конкретизирањето на сите детели и начелата кои ќе ги содржи самиот договор.

Големина на фонт
Контраст