Општина Крива Паланка започна со имплементација на стандардот за управување со квалитет ИСО 9001:2015

Во насока на имплементирање на ефикасни јавни услуги за потребите на граѓаните, стопанството и на сите заинтересирани страни, Општина Крива Паланка  започна со имплементација на меѓународниот стандард за управување со квалитет  ИСО 9001:2015.

Со имплементацијата на стандардот ИСО 9001: 2015 се придонесува граѓаните на општина Крива Паланка да добиваат навремени и квалитетни услуги, а истовремено се подобруваат и организационите можности, ефикасното искористување и управување на човечките ресурси во локалната администрација.

Имплементацијата на стандардот за квалитет ќе се одвива во повеќе фази во кои ќе се направи анализа и оценка на постоечките процеси и нивната поврзаност, идентификација на разликите меѓу постоечката состојба и барањата на стандардот, дефинирање на контекстот на Општината и нејзините процеси како и изработка и имплементација на комплетна документација која ја бара стандардот, при тоа користејќи ја постоечката документација на Општина Крива Паланка со која се реализираат активностите.

По завршувањето на процесот на имплементација, Општината ќе биде подготвена за сертификација од независно тело, со што ќе се здобие со сертификат за квалитет ИСО 9001:2015.

Имплементирањето на ИСО стандардот е меѓународна гаранција и верификација за квалитетно работење, чија крајна цел е задоволството на  крајните корисниците од услугите на Општината.

Големина на фонт
Контраст