Започнаа градежните активности за замена на азбестните водоводни цевки

Во рамките на Програмата за изградба и реконструкција на локалната водоводна мрежа во општина Крива Паланка, а преку  проектот  на Владата на РМ и ЕИБ „Водоснабдување и одведување на отпадни води“, започнаа градежните активности на еден од најзначајните проекти за општината „Реконструкција на дел од водоводна мрежа во град Крива Паланка“ (со замена  на азбестни водоводни цевки со полиетиленски водоводни цевки).

Со техничката документација од проектот е предвидено да се изврши реконструкција на дел од водоводната мрежа со замена на постоечките азбест-цементни цевки во водоводната мрежа на Крива  Паланка на повеќе улици во централниот дел од градот со вкупна должина од 2844 м. и тоа на делови и краци од улиците Моша Пијаде, Партизанска, Херој Карпош, 8 Октомври, 11 Октомври и Борис Кидрич.

Вредноста на проектот е околу 210.000 евра, а предвиден период за имплементација е 12 месеци по потпишување на договор со  изведувачот, фирмата Ју-Бај 2.

Големина на фонт
Контраст