Градоначалникот Мицевски оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и координативното тело на локалните стопанственици

Во текот на вчерашниот ден, по иницијатива на градоначалникот Борјанчо Мицевски се оддржа втората работна средна со координативното тело на  стопанствениците од општината  на која беше поканет и претседателот на Стопанската комора на Р. Македонија, господинот Бранко Азески, кој пред присутните го претстави потенцијалот, искуството, организациските способности и финкцијата на комората како бренд и лидер во коморскиот систем, не само во земјава туку и во регионот, за што сведочат низа награди и признанија.

Градоначалникот Мицевски со особено задоволство го поздрави присуството на сите инволвирани во овој процес на здружување на главните чинители на развојот на економијата во локалната заедница и во оваа пригода ја потенцираше својата  предизборна програмска определба, општината да го зајакне линкот помеѓу локалната самоуправа и стопанствениците на локално ниво, заради нивна поголема инклузивност  во креирањето на локалната бизнис клима  и во тој контекст  е и иницирањето на овие работни средби.

-Целта на овој заеднички состанок е да се дефинираат и реализираат конкретни партнерски  активности, кои ќе започнат со формирање на Општински сојуз на стопанственици и истиот да биде регистриран како правен субјект, во наредниот период  да се спроведе обука за зголемување на капацитетите  и корпорациските вештини на бизнис секторот во општината, да се пристапи во изработка на стратегија за потикнување на локалниот економски развој  и отварање на локална канцеларија со вработено лице кое ќе биде линк помеѓу Стопанската комора на Македонија,  локалната бизнис заедница и локалната самоуправа. Сите овие иницијативи во крајна цел го имаат стопирањето на процесот на одлив на квалификувани кадри и задржување на младите преку превземање на конкретни мерки и активности за подобрување на бизнис климата и деловното опкружување на локално ниво, изјави градоначалникот Мицевски.

-Проблемите на стопанствениците во државата ,во голема мера се исти, а може да се каже со одредени специфики на општините кои се наоѓаат во северероисточниот пограничен регион, кои како такви имаат помали шанси и помало влијание во споредба со општините кои гравитираат кон центарот на стопанските потенцијали сконцентриран во околината на главниот град. Поради ваквите и слични специфики на Крива Паланка, треба да се тргне од изработка на стратегија за потикнување на локалниот економски развој, кој ќе се базира на тие детектирани и анализирани специфики на општината, а стопанската комора како најбитна и најголема бизнис заедница во државата, ќе помогне со своите ресурси да се забрзаа тој процес. Можеме и треба да го искористиме и ентузијазмот на Владата која во почетокот на мандатот го има, и заедно со искуството кое ние го имаме и ресурсите на локалната заедница, заеднички да почнеме да градиме една здрава бизнис клима во која сите овие чинители ќе преземат своја одговорност и свое место во тој процес, а се со цел созавање на позитивни ефекти за целокупната економија во државата, рече Азевски.

Во контекст на подобрувањето на можностите и способноста на локалните МСП подлабоко да се интегрираат во синџирот на државната економија, Стопанската комора има направено суштински анализи, ги има лоцирано сите проблеми на бизнисот во државата и има поднесено свои иницијативи и решенија до Владата, чија определба е да се даде приоритет на развојот на бизнисот и може реално да се очекува подобрување и забрзување во решавањето на проблемите врзани за овој значаен сегмент на општеството, кој сигурно ќе рефлектира решавање и на низа други круцијални прашања и проблеми поврзани со стандардот и вработувањето на луѓето,

На состанокот се дефинираа  најважните прашања, кои со договорена динамика заеднички ќе се решаваат. Оспособувањето, односно едуцирањето на соодветен кадар за потребите на стопанството, прашањето за искористувањето на енергенсите заради намалување на трошоците на компаниите и нивната конкурентност на странските пазари, искористувањето на европските фондови, со посебен акцент на регионалните, поради местоположбата на Крива Паланка која гравитира во пограничен регион и со заеднички напори на локалните самоуправи од соседните држави, Србија и Бугарија, со бизнис заедницата и невладиниот сектор, да се конкурира пред  ЕУ фондовите, а во тој процес  неопходно  е да се вклучи и  Владата со своја поддршка  и капитални инвестиции, а се со цел да се потикне економскиот развој во овој регион.

Како заклучок од оваа работна средба беше нагласено дека Крива Паланка треба да биде опитен центар во кој, со здружување на сите сили и капацитети на државата, на локалната самоуправа, бизнисот и Стопанската комора, ќе се направи нешто повеќе и ќе се испрати јасна порака на сите, дека тоа е можно и во Македонија.

 

Големина на фонт
Контраст