Посета на директорот на Управата за заштита Паско Кузман

Синоќа во кратка посета на Крива Паланка престојуваше директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман. На средбата со градоначалникот на општина Крива Паланка г-дин Арсенчо Алексовски, гостинот беше запознат со текот на работите околу реконструкцијата на зградата во која што ќе биде сместен Градскиот Музеј во Крива Паланка. При тоа, директорот на управата направи обиколка на зградата и просториите во кои што ќе бидат поставени постојаните музејски поставки.


Од страна на лицето задолжено за раководење на работите на установата, претседеталот на иницијативниот одбор – археолог Цоне Крстевски, и изведувачот на градежните работи, беа елаборирани клучните активности околу  формирање на установата како и концептот за наменска употреба на зградата во која што се наоѓа музејот.

На средбата директорот на управата даде силна подршка на работите за основање на музејот, при што истакна дека Крива Паланка е единствената општина во регионот која самоиницијативно ја развива музејската дејност, и дека ваквиот пример треба да го следат и другите општини во кои што нема музејски установи. На крајот директорот на управата потенцира дека Управата за заштита на културното наследство на РМ и Министерството за култура во следниот период ќе одвојат финансиска подршка на општината за финализација на активностите околу формирање на Градскиот Музеј во  Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст