Зелени градови – можност за одржлив развој

Општина Крива Паланка, покрај проектот Културни разлики-подобра интеграција-побогата Европа, аплицираше и како партнер на општина Литија, Република Словенија, во рамките на проектот Зелени градови-како можност за одржлив развој, во рамките на Програмата Европа за граѓаните, мерка 1.1 Збратимување на градови, финансисран од ЕУ.

Проектот предвидува одржување на средба во Литија, во средината на месец окотмври 2011 година, на која ќе партиципаираат 25 учесника од пошироката заедница – претставници од општинската администрација, советот на општината, НВО и бизнис секторот, како и активисти во делот  на заштита на животната средина.

Основна цел на проектот е да се запознаат нашите учесници со позитивни парктики од областа на имплементација на проекти од заштита на животната средина и имплементација на ЕУ директиви и стандарди. Ќе бидат посетени места на кои е применето искористување на био-гориво за греење и сл.

Во рамките на посетата ќе биде потпишан официјален протокол за збратимување на двете општини. Носител на проектот е општина Литија, а Општина Крива Паланка ќе треба да партиципира само во делот на обезбедување на трошоците за транспорт на учесниците.

Големина на фонт
Контраст