Обуки за започнување на бизнис

Општина Крива Паланка доби грант од Министерството за економија во рамките на Јавниот повик за кофинансирање на проекти на бизнис-центри за поддршка на мали и средни претпријатија. Потпишан е Договор за имплементација на проектот, согласно кој општината треба да ги реализира предвидените активности најдоцна до 01.04.2011, а Министерството ќе кофинансира во вкупен износ од 72.000,00 денари.

Проектот насловен како „Поддршка за развој на туризмот преку спроведување на обуки за старт-ап бизнис“ е насочен кон поддршка на локалниот економски развој, преку организирање на обуки за едукација за старт-ап бизниси на потенцијалните локални бизнисмени и претприемачи. Обуките ќе ги спроведува консултантската куќа Balkan Development Solutions, а ќе им користи на целната група за започнување на сопствен бизнис.

Општа цел на проектот е да се даде придонес кон создавање на услови за оддржлив економски развој.

Обуките ќе бидат изведувани во текот на месец февруари и март.

Големина на фонт
Контраст