Одржана манифестацијата ПИВТИЈАДА 2011

По повод чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – ВОДИЦИ, Општина Крива Паланка по втор пат ја организираше манифестацијата ПИВТИЈАДА 2011. Настанот  се одржа на 19.01.2011 година на плоштадот во Крива Паланка, по завршување на церемонијата на фрлање на крстот во водите на Крива Река.

Манифестацијата ПИВТИЈАДА 2011” имаше  и натпреварувачки дел  при што учесниците  се претставија со своите кулинарски способности во подготовка на пивтии.
  • Прво место  и 3000 денари освои Оливера Станковска 
  • Второ место и 2000 денари освои Хотел „Турист“

  • Трето место и 1000 денари освои Шана Георгиевска

 
Беа доделени посебни награди на 
  • Драгица Величковска – вечера за двајца во етно гостилница „Воденица 3“

  •  Лазар Георгиевски – вечера за двајца во ресторана „Актуел“

  • Благој Николовски – вредносен бон од 1000 денари од  „Норма“ 

 


Големина на фонт
Контраст