Околу 2 милиона денари за нов сообраќаен режим

Општина Крива Паланка годинава планира да обезбеди околу 2 милиона денари за елаборатот за режимот на сообраќај во поширокото централно подрачје. Половина од средствата треба да бидат обезбедени од општината, а останатите од други донации од државните институции.

Елаборатот ќе се реализира во три фази. Првата фаза опфаќа завршување на започнатиот проект за измени и дополнувања на елаборатот, како и поставување на преостанатата хоризонтална и вертикална сигнализација на главната колекторска сообраќајница. Во останатите две фази се предвидува поставување лежечки полицајци пред повеќе установи, колективни згради и Спортско-рекреативниот центар, како и поставување сигнализација на дел од градските улици.

– Елаборатот за режимот на сообраќај е еден од приоритетите во областа на урбаното живеење, што произлегува од потребите и проблемите на локалната заедница и безбедноста во сообраќајот – велат од локалната самоуправа.
 
Извор: Дневник
Големина на фонт
Контраст