Aсфалтиран локалниот пат во населба Mечковци

Во текот на денешениот ден градоначалникот Борјанчо Мицевски заедно со претставници на Oпштината и Советот на Oпштина Крива Паланка, направи увид во финалните активности од асфалтирањето на патниот правец од населба Белево кон населба Мечковци.

Благодарение на добрите временски услови, но и заложбите на локалната самоуправа, се реши еден од основните и дологогодишни проблеми на жителите од оваа кривопаланечка населба во пресрет на претстојната зимска сезона, истакна Мицевски. Во следниот период ќе следат активности за санација на краците од овој пат кои водат кон браната во населба Белево, но и поврзување на овој патен правец со патниот правец кој води кон с.Конопница.

Локалното население изрази големо задоволство од  решавањето на нивниот долгогодишен и есенцијален проблем, како и од  брзата и ефикасна реализаија на ветеното во предизборниот период.

Асфалтирањето на овој патен правец е извршено со средства од буџетот на Општина Крива Паланка во висина од околу 2.000.000 денари.

 

Големина на фонт
Контраст