Спортистите од КК Шампион на средба со градоначалникот Мицевски

Градоначалникот на Општина Крива Паланка денеска ги прими претставниците на  карате клубот Шампион. На средбата градоначалникот се запозна  со состојбите во спортот, поконкретно со тековните активности на КК Шампион, како и со нивните досегашни успеси  на локално, национално и на меѓународно поле.

Во таа пригода градоначалникот  Мицевски му врачи општинска плакета за особени заслуги во спортот на Христијан Димитриевски, кој на Светското првенство на кадети и јуниори во Тенерифе, Шпанија освои  петто место во кати екипно.

Спортистите и градоначалникот ги договорија и наредните чекори за соработка, поттик и помош во планирањето, организирањето и реализирањето на спортските активности на клубот.

Големина на фонт
Контраст