Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Изминативе неколку вечери кривопаланечката публика имаше можност да ужива во репертоарот, односно прекрасните изведби на театарските уметници од  Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија. На сцената на Центарот за култура беа одиграни претставите „Аналфабет“ на Народниот театар од Охрид, „Ама, тоа семејство“ на Општинскиот народен театар „Невена Коканова“ од Дупница, „9“ од Народниот театар  од  Нови Сад, „Риалити пресметка“ во изведба на Уметничка работилница „Призор“ од Белград, потоа следуваше претставата на Градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци „Во бабино гнездо“, како и „Синиот портокал“ на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес.

Восхитот, долгиот аплауз и преполната сала се потврда за квалитетните изведби, добриот избор на овогодинешната театарска програма, како и зголемениот интерес на кривопаланечката публика.

Во рамки на пропратниот дел од фестивалската програма беа промовирани и две книжевни изданија и тоа на авторот Симон Грабовац неговата книга поезија „Истиот“ и изданието „Креативна Бурулеска“, книга поезија на младата авторка Јоана Шишкова, чиј промотор беше овогодинешниот лауреат Гоце Ристовски.

Вечерва на репертоарот следува претставата „Мушичка“ во изведба на виртуозните глумци од Народниот театар од Лесковац, Р.Србија.

Големина на фонт
Контраст