Општина Крива Паланка ќе добие најсовремена сала за 3D презентации

Деновиве започнаа активностите за реконструкција на големата салата на Советот и т.н. мала сала во Општина Крива Паланка, при што општината  ќе добие најмодерна сала која освен за седници на Советот на општина Крива Паланка досега се користеше за одржување на голем број настани и беше на располагање на сите институции, здруженија и групи на граѓани.

Реконструкцијата на т.н. голема и мала сала при Општина Крива Паланка се изведува  во рамки на проектот  „Промоција на туристичките атракции во 3D” финансиран од IPA CBC програмата на ЕУ аплициран од страна на Општина Крива Паланка преку  Североисточниот плански регион.

Со имплементацијата на овој проект општина Крива Паланка ќе добие најсовремена сала за 3D презентации која што ќе биде опремена со најсовремена  ИТ опрема, кабини за симултан превод и адаптибилен мебел и ентериер кој ќе овозможи брза и лесна адаптација на салата во однос на потребата за која што ќе се користи.

Освен големата сала исто така ќе биде реконструирана и малата сала која што ќе биде адаптирана за одржување на состаноци и настани со помал број на учесници.

Со оглед на динамиката на работа двете сали како и просторот пред салите ќе биде комплетно реконструиран во рок од  два месеци.

Реконструираните сали освен за потребите на општина Крива Паланка ќе бидат достапни за користење на сите институции, здруженија и групи на граѓани од североисточниот регион на РМ.

Со оглед на тоа што големата сала во Општина Крива Паланка служеше и како сала за венчавки и сала за Советот на општината, за периодот на реконструкција венчавките и седниците на советот  ќе се одржуваат во ЛУ Градски Музеј во Крива Паланка.

[embpicasa id=”6461803083238486081″]

 

 

Големина на фонт
Контраст