Монодрамата „Песни за татковината“ во Крива Паланка

Поеми од Никола Јонков Вапцаров интерпретирани во вид на монодрама насловена како „Песни за татковината” од актерот Петар Темелковски беа претставени во петок во Крива Паланка на летната сцена на плоштадот „Карпошово востание“.

– Ова се поеми од Вапцаров, а јас сум комплетен автор на монодрамата создадена по повод 75 -годишнината од неговото убиство кое се случило далечната 1942, на 22 јули. Првпат ја изведувам во Крива Паланка, а премиерата беше во Велешкиот театар на 5 април. Вечерва е 17-та изведба во вашиот град. Задоволен сум од публиката која добро ми е позната, како и јас на неа, бидејќи ја имав честа да добијам и награда за животно дело на театарскиот фестивал. Ова е јубилеј и ќе ја играм во сите поголеми градови, а настапив со неа во Битола на Битфест на петти овој месец, изјави Темелковски.

 

Големина на фонт
Контраст